Промени во бизнисот

Ансоф матрица

Е-пошта Печати PDF

imgThe_Matrix3

„Задоволниот клиент, е најдобра бизнис стратегија„

Michael LeBoeuf, американски бизнис автор

Кога некоја компанија сака да ја дефинира својата стратегија за раст, таа може да користи неколку модели. Еден од најкористените модели е Ансоф матрица (Ansoff’s matrix). Оваа матрица прв пат беше претставена во Harward Business Review 1957, а потоа и во книгата Corporate Strategy од 1965 година. Автор на оваа стратегија е руски научник Игор Ансов, кои што со 19 години има емигрирано во Америка, каде дипломира машинство, математика и менаџмент. Својот живот во целост го има посветено на истражувањето на менаџмент, и поради тоа стана познат како таткото на стратегискиот менаџмент. Неговата матрица, му овозможува на менаџерите да го разберат идниот раст и развој низ веќе постоечки производи/услуги или низ нови пазари, нови производи/услуги. Оваа матрица овозможува поставување на четири производ/пазар комбинации и врз основ на овие комбинации да се постават четири стратегии:

ansoff-matrica

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Менаџмент „a la France”

Е-пошта Печати PDF

france_eiffeltower_2001_07_122

„Секој човек си има две земји, својата и Франција„

Анри де Борниер, француски поет

Франција е еден од најголемите генератори на самиот стопанскиот раст на ЕУ како и еден од најголемите снабдувачи на земјоделски и индустриски производи. Како во Франција се гледа на бизнис и на менаџмент воопшто?

Во Франција, компанијата - бизнисот се гледа како на жив организам, а во донесувањето на деловните одлуки голема улога има интуицијата. Општествениот статус и позицијата се мошно битни елементи во француската бизнис култура, а културното однесување, меѓусебната доверба и разбирање имаат големо влијание во успехот на одреден бизнис. Односот помеѓу менаџерите и нивните вработени е во голема мера нерамноправен. Статусот и привилегиите се битно нагласени, а процесот на донесувањето на одлуки е строго хиерархиски поставен – и доаѓа од менаџерите кои се поставени на повисоки функции. Француските менаџери често го нагласуваат својот статус и функцијата во деловните односи, а лобирањето, познанствата претставуваат битни фактори во реализацијата на деловните активности.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 19 Септември 2011 08:50 ) Повеќе...
 

Колку сте ефективни и ефикасни

Е-пошта Печати PDF

1-788806

„Ефективноста на секоја трета молитва, два пати кажана, можи да се претстави кроз следната формула: ((3x2)-6)/((6+1)-7)„

Доналд Морган, економист 

Сигурен сум дека овие два термини ги имате слушнато. Не само во бизнис контекст веќе и во некој друг контекст. Некогаш овие два термини се мешаат па дури и ги спомнуваат како ист термин – појам. Но што претставуваат овие два различни а истовремено поврзани термини? Кратко и едноставно: Ефективност и ефикасност претставуваат основа за реализацијата на целите на секој бизнис.

Ефективност подразбира барање да се изврши избор на вистинските цели, а потоа со користење на постоечките ресурси, да се реализираат избраните цели.

Ефикасност претставува барање да се реализираат избраните цели, со минимално користење на постоечките ресурси, поточно со нивното рационално користење.

Од ова можеме да видиме дека ефективноста е свртена кон избор на потребите на некој бизнис, што ќе се реализира, додека ефикасноста ја претставува производната способност на некој бизнис – рационалната  употреба на постоечките ресурси. Или посликовито да објасниме. Ефективноста ни вели да ги работиме вистинските цели, додека ефикасноста ни вели да ги работиме работите на вистинскиот начин.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Што можеме да научиме од емисијата „Kitchen Nightmares„?

Е-пошта Печати PDF

gordon_ramsay

"Имам многу директен пристап. Таков пристап треба да ве разбуди, да ве размрда, или бегај дома ако си неспособен"

Изјавата на Гордон Ремзи по добивањето на тужба за психичко вознемирување на еден сопственик на ресторан кој учествуваше во емисијата „Kitchen Nightmares„

Еве веќе 3 месеци сум „заразен„ со една интересна емисија. Се работи за reality show под име „Kitchen Nightmares„. Емисијата ја води еден од најпознатите светски готвачи на денешницата Гордон Ремзи. Гордон му помага на рестораните кои се на самиот раб на банкрот. Иако се работи за ресторани, промените кои се случуваат во тие ресторани можат буквално да се применат во секој друг бизнис. Па да видиме кои се тие промени, кои го трансформираат Вашиот бизнис.

Едноставност

Еден од главните недостатоци на скоро сите ресторани каде што Гордон влезе е преголем мени. Преголемиот мени ја отежнува работата во самата куна  која е мотор на секој ресторан. Исто така клиентите кога ќе видат преголем мени тешко се одлучуваат што да нарачат. Истото важи и за секој друг бизнис. Не морате да имате прекомплицирани флаери или друг пропаганден материјал за да ги запознајте Вашите потенцијални клиенти со Вашите производи/услуги. Значи што поедноставна и директна порака до Вашите клиенти.

Пронајдете ја Вашата целна група

Без разлика каков бизнис имате Вие морате да ја знајте Вашата целна група. Во колку ја познавате Вашата целна група тоа ќе Ве издвои од конкуренцијата – ќе бидете единствени. Ова можете да го прочитате на скоро секој сајт кои се занимава со бизнис/претприемништво, и исто така можете да го видете во секоја емисија на „Kitchen Nightmares„

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Среда, 17 Август 2011 10:40 ) Повеќе...
 

Вредности и културен капитал

Е-пошта Печати PDF

cultural_for_business_intelligence"Без култура, и релативната слобода која културата ја претставува, дури и кога општествата и светот би биле совршени- тие стануваат една голема џунгла!“

Алберт Ками,
Франсуски  филозоф

  Колку вредат вредностите и културниот капитал на вашата компанија?

  Во доба на зголемен локален и глобален натпревар, способноста на организацијата (читај компанијата или државата) да изгради корпоративна култура која ќе ги привлекува и задржува најталентираните луѓе, рапидно се појавува како најважен критериум за финансиски успех.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 
Страница 9 од 12

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8497
61.2343
USD
51.7095
51.195
GBP
70.1562
69.4581
CHF
53.3739
52.8428
SEK
6.4861
6.4215
NOK
6.6367
6.5707
JPY
0.4615
0.4569
DKK
8.3124
8.2296
CAD
42.1463
41.7269
AUD
41.2029
40.7929
Превземено на 24.09.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот