Промени во бизнисот

Стратегија за семејните бизниси

Е-пошта Печати PDF

Management-of-a-Family-BusinessСигурно имате слушнато за компании како што се Black&Decker, WalMart, Motorola...итн. Но сигурен сум дека не знаевте дека овие компании се семејни компании. Сите овие компании функционираат како семеен бизнис во повеќе генерации.

Како и секој вид на бизнис и семејниот бизнис има свои позитивни и негативни страни. Позитивните се перспектива на бизнисот, континуитет, долгорочна стабилност, лојалност и поголема спремност да се жртвува за бизнисот.

Лошите страни се тие да сопствениците на семејниот бизнис, не можат во голема мерка објективно да ги согледаат позитивните и негативните страни на бизнисот, непотизам...итн.

Семејните бизниси најдобро се развиваат до трета генерација. До тогаш тие бизниси се сè уште мали. Но од кога ќе се развијат и прошират, често пати доаѓа до делењето на бизнисот – создавање на нови бизниси од страна на членовите на фамилијата. Ретки се примерите како што е  Levi Strauss или Rothschild кои се веќе шеста генерација на семеен бизнис.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Понеделник, 18 Јули 2011 16:22 ) Повеќе...
 

Што бизнисмените можат да научат од Новак Ѓоковиќ?

Е-пошта Печати PDF

Novak-Djokovic_1937584cНа прашањето која е тајната на неговиот успех Пако Де Лусиа одговори:

„Осум часа на ден вежбам на гитара„

„Вау осум часа.....а што правите во остатокот на денот?„

„Свирам гитара„

Од почетокот на годината сведоци сме на големиот успех на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Имено од почетокот на годината па до сега успеа да ги освои скоро сите тениски турнири каде што настапуваше и од 3 место на тениската ранг листа да се качи на 1 место. Како шлаг на торта, со освојувањето на првото место го освои најпрестижниот тениски турнир Вимблдон. 

Кои се тајните на неговиот успех?

Сон

Вие морате да го посакатеве и сонувате Вашиот успех, ако сакате истиот да го реализирате. Вие морате да имате идеја за тоа што сакате да постигнете во Вашиот живот. Соништата не се остваруваат сами од себе. Првиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Јелена Генчиќ, се секава да кога прв пат го видела младиот Новак, тој имаше совршено спакувана торба и тогаш таа сфати дека и младиот Новак сам себе се „спакува„. Кога го прашала што сака да стани кога ќе порасни, тој едноставно одговори:„Тенисер број 1 во светот„. Тој го сонуваше својот сон и сега тој го и живее.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Да ли Вашиот бизнис боледува од вируси? #2

Е-пошта Печати PDF

stethoscopemoneyПродолжуваме со претставување на најчестите вируси кои можат да го заразат Вашиот бизнис.

Деспотизам

Деспотизмот предизвикува страв, а стравот предизвикува нервози. Во ваков случај  главниот директор е тиранин или спроведува  угнетувачка идеологија. Поради ова, вработените во компанијата се повлечени, не се насочени кон целите на претпријатието. Доволно е само на некој да му се „отсечи главата„ бидејќи во нешто не се согласил со главниот директор или има поставено „незгодно„ прашање и сите други вработени ќе ја сфатат пораката – не се истакнувај.

Царството на глупости, дебелина и „среќа„

„Добро сака да биди подобро, подобро да стани најдобро, а само нешто што е глупо мисли дека е доволно само за себе и да е добро како што е„

Иван Мештровиќ

Синдром на глуп, дебел и „среќен„ човек , одговара на следниот став:„оти да работиме ако не мораме и вака ни е добро...„. Питер Дракер еден од најпознатите писатели на менаџмент на сите времиња, еднаш рече:„Ако  боговите сакаат да уништат некој човек, прво ќе му поклонат 40 години на деловен успех„. Дури и кога е компанијата во криза, ваков тип на директор не се загрижени за својата компанија.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Петок, 01 Јули 2011 08:08 ) Повеќе...
 

Да ли Вашиот бизнис боледува од вируси?

Е-пошта Печати PDF

VirusShotСекој вид на бизнис може да се зарази со различни видови на вируси. Тука не мислам на компјутерски вируси, ниту на вирусите што го заразуваат човечкиот организам. Ова се однесува на социјални – општествени вируси. Овие вируси ја уништуваат индивидуалната и социјалната интелигенција, а со уништувањето на истата се нарушуваат човечките односи во самата организација. Овие вируси се јавуваат во сите видови на бизниси и во сите организации. Во денешниот пост ќе бидат претставени првите 5 вируси што можат да го заразат како Вашиот бизнис а со тоа и Вашата организација.

Расеаност

„Ако сакаш да бидеш среќен, ограничи го своето делување на само неколку најбитни работи„ 

Демокрит

Раководството на компанијата – менаџментот, не може да го фокусира своето внимание на неколку најбитни цели, стратегии или на некој главен проблем. Никој не е доволно упорен во решавањето на проблемите. Она што е типично за овој синдром е да директорот, заедно со својот менаџмент, се префрлуваат од една работа на друга. На состаноците се расправува за се и сешто, са голем број на иницијативи, програми...итн. Ваков вид на менаџирање непотребно ги троши средствата и времето на компанијата и не дава резултати.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

3C бизнис модел

Е-пошта Печати PDF

strategic_triangle

„Се е во стратегијата„

Мајкл Шумахер (Michael Schumacher), возач на формула 1

3C бизнис модел, ги опишува три клучни фактори кои ја креираат успешната бизнис стратегијата. Овој модел е развиен од страна на Кеничи Охмае (Kenichi Ohmae), кои по презентирањето и имплементација на овој модел во повеќе компании доби прекар Мистер Стратегија.  Денес Кеничи Охмае е еден од водечките бизнис и корпоративни стратези.

Основната цел на 3C бизнис моделот е да Ви овозможи стратегиски поглед кон факторите кои се неопходни за било каков бизнис процес. Тој Ве упатува на три клучни фактори за постигнување на успехот. За да се создаде било каква бизнис стратегија мораат да бидат вклучени овие три фактори:

 

  • Корпорација – Corporation
  • Купувач/Клиент – Customer
  • Конкуренција – Competitors

Врз основ на овие три фактори Кеничи создаде таканаречен стратегиски триаголник.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Последно освежено ( Вторник, 14 Јуни 2011 21:25 ) Повеќе...
 
Страница 10 од 12

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот