Промени во бизнисот

60 години иновација: бар-код

Е-пошта Печати PDF
Barcode-tattoos5
На 7ми октомври оваа година навршија точно 60 години од иновацијата и патентот кои ја променија индустријата со трговија, и светот воопшто. Бар-кодот денес не е само симбол на потрошувачкото општество, туку и на новото економско доба, уметноста и поп-културата.

  Бар-кодот, кој на секој од нас ни е познат по црно-белите тенки и широки линии искомбинирани со низа на броеви кои се наоѓаат скоро на секој производ кој го купуваме во поголемите супермаркети, е всушност дефиниран како „оптичко-автоматски приказ на информации поврзани со продуктот на кој истиот се наоѓа.“ Најчесто придружен на производи наменети за широка потрошувачка, знакот има за цел на трговците да им пружи точна информација за залихите од одреден производ, а на купувачите да им ја гарантира точно пропишаната цена и потекло на производот. Водено, во денешно време служи и за формирање на официјални „брзи и точни статистики“ за популарноста на одреден нов или постоечки продукт.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

До подобар проект!!! - КАКО???

Е-пошта Печати PDF


Дали можеби во моментов го планирате/реализирате следниот голем проект, кој ќе донесе бенефит за Вашата организација? Можеби ги дефинирате целите на проектот, временската рамка, човечките ресурси кои се неопходни, финансиските средства?

Толку многу „нешта“ кои треба да се земат во предвид!

Истражувањата на компетентни проектни организации, укажуваат на 30% скратување на временската рамка и 20% финансиска заштеда, при примена на Проект за реализација на тековни активности!

Структурата во прилог, ќе ви помогне да извршите ревизија на вашите планови, а од друга страна ќе ви помогне да се осигурате дека сите клучни аспект се земени во предвид, како и дека планот е флексибилен, фокусиран кон целта и практичен.

Планирањето со помош на предложениот циклус, помага при планирање и управување со тековни проекти, до одреден степен на сложеност во зависност од околностите. Од друга страна за проекти кои вклучуваат повеќе луѓе во подолг временски период, неопходни се повеќе формални методологии и пристапи.

Најдобриот начин во процесот на планирање е да се пристапи како на еден цилкус. Откако ќе се „смисли“ план, треба да се процени која е веројатноста за успех. Оваа оценка треба да биде резултат на комбинирани искуства и аналитички алатки, но од друга страна треба да ја дефинира и финансиската рамка, како и потенцијалниот бенефит за организацијата.

Во прилог е прикажана и структурата која треба да се следи:

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

Креирање на нови навики

Е-пошта Печати PDF

kaizenСите ние имаме одредени навики. Некој од нас има повеќе, некој помалку. Некој се добри но некој се и лоши. Понекогаш сите тие навики ни одземаат премногу време. Но понекогаш истите тие навики ќе не однесат на некоја нова страна и ќе не научат на нешто ново.

Во еден текст прочитав дека навиките се тие кои што кај луѓето ја развиваат креативноста, иновативноста, како и создавање на нови навики.

Јапонците го нарекуваат „каизен„ или континуирано/константно унапредување. Тоа е нивната животна филозофија, па и начин на живеење. Основата на оваа филозофија се базира на правење на мали, постепени промени, кои што се начин за развивање на иновативни процеси.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Непроменливост НЕ, промени ДА

Е-пошта Печати PDF

Zespri-Kiwifruit-GoldПред неколку дена бев на пазар да си пазарам бостан и друго овошје – спас од овие тропските горештини. За око ми падна штанд со праски, поточно со нектарини. Штандот беше многу уредно и убаво уреден, производите убаво како под конец наредени...но она што ми го привлече вниманието е натписот над нектарините – „БРИЧЕНИ ПРАСКИ!„. Продавачот исто така беше активен особено кон женскиот пол, зборувајќи им – „ајде жени, снајки, домаќинки повелете поволно бричени праски!„ Морате да признаете прилично иновативен начин на промовирање!

Ова ме потсети на една компанија од Нови Зеланд – производител на киви. Имено компанијата „Зеспри„ е еден од најголемите производители на киви во оваа држава. Нивното учество изнесува околу 10% во вкупното производство на киви во Нов Зеланд или поточно кажано вредноста на произведениот киви на ова компанија изнесува околу 225 милиони американски долари.  Ова е прилично голема сума на пари и можеби компанијата ќе можеше да го одржи истото производство на киви. Но компанијата одлучи да го промени асортиманот на своите производи.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
Повеќе...
 

Бизнис на Тркала!!!

Е-пошта Печати PDF

Изминатите неколку години, забележан е тренд на пазарна промена во смисла на континуиран пад на продажбата, а со тоа директно и на прометот на бизнисите во светски рамки. Многумина ќе речат се се должи на Глобалната криза! И најверојатно се во право. Но вистинските иновативни бизниси размислуваат чекор пред останатите. Додека најголемиот дел од организациите ги бележат бројките (загубите), сосема мал дел размислуваат како да остварат дополнителен приход. Во тој контекст доаѓа концептот: „БИЗНИС НА ТРКАЛА“.

Убавината на „Бизнисот на тркала“.

Bath Pearls, организација со основна дејност производство на козметички препарати, нешто повеќе од една година во САД има 116 мобилни продажни центри. Секој од центрите претставува мало комбе, естетски „нашминкано“ од рака на искусни дизајнери. И додека конкурентите продаваат во 30 Хипермаркети низ САД и постојано бележат тренд на загуба, Bath Pearls бележи 15% пораст на приходите во  време на глобална криза. Тоа се должи на иновативниот начин на продажба, со кој производот им е на дофат на купувачите.

Маркетинг менаџерот во Bath Pearls,  Jenifer Walsh за својот концепт ќе каже: „Овој концепт навистина оди до местото каде што се потрошувачите, наместо да чекаме тие да дојдат кај нас!!“

И додека многумина ќе речат приходите се топат во трошоците за гориво, убавината на овој вид на бизнис може да се согледа во следните 4 придобивки:

  1. Заштеда во однос на трошоците за закуп.
  2. Тест производите, побрзо и полесно се пробиваат
  3. Остварена лична конекција со купувачот
  4. Мобилност на бизнисот, т.е. истиот оди таму каде што купувачот е.

Дали можеби овој концепт на бизнис ќе предизвика внимание кај Вас? Дали можеби има ваков бизнис во Р. Македонија? Дали можеби Вие сте следниот кој ќе поседува ваков бизнис?

Споделете ги Вашите мислења, коментари и идеи, со Нас!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
Страница 2 од 12

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот