biznis101-org2.png

Зошто на малите бизниси им е потребен ISO 9001 ?

Печати

business_people_brainstorming1ISO 9001 e стандард за менаџирање со квалитетот во рамките на компаниите. Кога зборуваме за воведување ISO стандарди за квалитет, луѓето често пати помислуваат дека тоа го прават само големите фирми кои имаат многу вработени и комплексни производствени процеси. Но напротив, постојат повеќе причини за малите фирми да го воведат овој стандард.

Овој стандард е универзален - ISO 9001 не зависи од големината на организацијата и видот на производот или услугата. Тоа значи дека било која фирма може да одлучи да се сертифицира.

За да се согледа зошто на малите претпријатија треба да воведат ISO 9001, најпрво ќе ги разгледаме придобивките од него:

Овие придобивки важат независно од големината на фирмата, но малите бизниси најчесто имаат многу помал буџет на располагање. Токму поради тоа, тие треба да вложат во минимизација на загубите при произведувањето на производот. Тоа на долгорочен план ќе им овозможи да заштедат финансиски средства со кои ќе можат во иднина да го прошират својот бизнис.

Исто така, за малите бизниси секој клиент е од огромна важност за опстанокот на фирмата и односот кон него треба посебно да се негува. Задоволството на клиентите може да биде пресудно за тој повторно да ја побара истата услуга или производ, но и да го препорача на други потенцијални клиенти. Со воведување на ISO 9001, се намалува бројот на поплаки од клиентите, а на вработените им се остава повеќе време да се фокусираат на други задачи. Освен тоа, сите процеси во компанијата ќе бидат детално документирани и секој вработен ќе има јасно дефинирана процедура која ќе треба да ја следи. Тоа ќе им ја олесни работата, ќе се зголеми дисциплината, ќе се намали можноста за пропусти и ќе се зголеми бројот на проверки на производот пред тој да се пушти во продажба. Во услови кога секој човечки ресурс е скап, овие предности може да имаат клучна улога.

Сертифицирањето според меѓународно признат стандард, како што е ISO 9001, помага во создавањето на реноме на компанијата на глобално ниво. Не само што клиентите преферираат производи од фирми кои имаат ваков сертификат, туку често пати тоа се наведува и како предуслов за склучување договор за соработка.

Со работењето според меѓународен стандард, малите фирми имаат фер можност да се натпреваруваат со големите корпорации. Освен тоа, им се отвораат можности за освојување на нови пазари во државата и странство. На пример, ISO стандардите за квалитет се се` почесто наведени како услов при конкурирање на тендери во Македонија. Што се однесува до меѓународните пазари, малите бизниси имаат поголеми шанси да склучат договор со странска компанија доколку имаат воведено ISO 9001 стандард. Со ваквата стратегија, малите компании полесно може да се прошират и да прераснат во средни и големи претпријатија.

Иако на прв поглед воведувањето на ISO 9001 изгледа како трошок, менаџерите на малите бизниси треба да ги искористат овие поволности за да заштедат, да го промовираат и да го развијат својот бизнис.

Автор на статијата е Ванчо Апостолски, консултант за ISO стандарди и основач на ИСО Консалтинг ДООЕЛ – Скопје, која им помага на фирмите да имплементираат ISO стандарди, да извадат еколошки дозволи или елаборати.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com