20 работи што може да ги направиш за само 5 минути во петок

Е-пошта Печати PDF

literature_review_read_paper_5minutesКолку често ви доаѓа на памет “немам време” ?

Денот е 24 часа за Lebron James, Mark Zuckerberg, за мене и тебе.

Многумина од нас го потценуваат потенцијалот и капацитетот на тоа што може да се постигне за само неколку минути.

Што можеме да направиме за време на оние мали моменти, на пример додека чекаме некого или нешто?

5 минути е повеќе од доволно време да се комплетира мала задача, а токму завршувањето на “малите работи” придонесува многу за работите на долг рок.

Што може да направиме за 5 минути?

 

Кратка листа инспирирана од Timemanagement Ninja:

  • Може да одговориш на 5 мејла;
  • Прочиташ неколку страници од книга (па макар и на мобилен или таблет);
  • Им (по)кажеш на блиските дека ги цениш;
  • Запишеш белешка од важен момент (надвор и онлајн);
  • Дадеш комплимент;
  • Направиш услуга некому;
  • Да го прегледаш календарот на родендени и други важни настани;
  • Да ги потврдиш или прегледаш годишните лични цели (веруваме имате запишано);
  • Ја слушнеш омилената песна или било која песна која те мотивира;
  • Направиш FollowFriday на неколку луѓе на Twitter
  • Си направиш to-do листа за денот;
  • Си направиш муабет со другар;
  • Да си ја исчистиш/средиш работната маса;
  • Направиш мала прошетка или вежби;
  • Испратиш SMS на саканата/саканиот;
  • Завршиш помала задача;
  • Имаш мала медитација, надвор од компјутери, мобилни и други уреди од технологија;
  • Да ја прошириш мрежата на познаници – нов број во именик,  неколку контакти на LinkedIn или Twitter;
  • Преземеш превентивни мерки, пред да ескалираат поголеми проблеми;
  • Уживаш каде што си.. Бидејќи никогаш нема да бидеш во овој ист момент.
  • Ден по ден, времето и онака е вечен непријател. Малите моменти може да значат многу, доколку правилно ги искористиме.

Што би направиле вие за 5 минути? Дополнете не подолу со идеи..

*Оригиналниот текст е превземен од: iBrand, 06 јуни 2012г., автор: Александар Атанасов

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот 20 работи што може да ги направиш за само 5 минути во петок