БОН ТОН

Е-пошта Печати PDF

freecomplimentthumb1Денес ви носам мала реприза од тоа што се случува во Шведска, како дел од мастер програмата што ја следам. Неколку интересни и мудри работи, за кои обично не не учат на факултет.

5 : 1 – Комплимент : Критика сооднос

- Martin Kalunga – Banda, консултант за организациски промени и лидерство, Специјален консултант на претседателскиот кабинет во Замбија, супер инспиративно суштество.

Без разлика колку сме сите паметни и убави, сме биле во ситуација кога ќе видиш нешто што те нервира, те вади од такт и сакаш веднаш да скокаш во критикување и праќање на се живо и диво по морските длабочини.

За жал, тоа не е најдобра стратегија ако сакаш да смениш нешто, и да не изгубиш работа, пријател, евентуално око за 3 минути.

Осигурај се дека знаеш како да дадеш значење и вредност на добрите работи, пред да ги критикуваш не толку добрите.

 

Martin интересно го презентираше преку 5:1 соодносот, што значи дај му на значење на некој дека е добар пет пати, пред да му дадеш критика.

Пет комплименти, пред критика. Модификација на нашата стара мудрост ‘Добриот збор, железни врати отвара’.

Мартин, оваа практика ја искористил при консултирање на претседателот на Замбија, во обид да ја смени стратегијата за инвестиции и ослободување од долгови, за која се противел. И успеал.

И фино е ако комплиментите се искрени и не се од типот [иако некогаш и тоа работи]: Косата ти е многу убаво средена денес, ама презентацијата ти е нула.

Ова е особено важно кога си на состанок со тимот со кој работиш, подредени-надредени. А, несомнено помага и по дома, кога сакаш да побараш 300 денари повеќе за искачање во Петок навечер.

Нема Ама

- Karl Henrik Robert, доктор и истражувач во полето на Рак, основач на The Natural Step.

Елимининација на ‘АМА’.

Едно зборче од три букви, е во голема мера виновно за креирање тензија и непријателски односи при дебата/разговор. Тука доаѓа уметноста за како да се спротивставиш со мислење, без да креираш противник.

‘Yes, but’ Vs ‘Yes, and’.

Обиди се кога си во дебата и не се согласуваш со некој, да не викаш ‘Да AMA тоа нема никаква смисла…’ наместо тоа речи: ‘Да, И интересно е да го гледаш од перспектива на…’ и кажи си што мислиш и зошто нивниот став нема смисла.

Ќе видиш дека овој пристап ќе ти помогне да срушиш Кинески ѕид на несогласување.

Особено корисно кога зборуваш со шефот, девојката или родителите. Евентуално и претседателот на Замбија.

Зборувај со купувачите/клиентите/корисниците

- Göran Carstedt, Ph.D. former President of IKEA North America, CEO Volvo

France and CEO Volvo Sweden

Имаме многу повеќе да научиме од нашите корисници, отколку од копирање на конкуренцијата.

Кога работел во Икеа Америка, омилено место за излет во Сабота претпладне му бил паркингот на Икеа, каде стоел и зборувал со купувачите. Тука научил дека Американците се фрустрираат од редот за чекање да платат и иницирал воведување на there step plan – Инсталирале побрзи ‘check out points’ каде купувачите сами регистрирале и плаќале. На овој начин се решиле сите главоболки од чекање.

И одговорот на зошто има фонтани во Икеа продавниците во Америка доаѓа од тука, каде луѓето кажале дека сакаат да пијат вода додека поминуваат часови во Икеа продавниците, што значително го зголемило задоволството на купувачите.

Во запомни, доста се криеш во канцеларија, дома. Излези и зборувај со корисниците, со идните клиенти на бизнис идејата што сакаш да ја започнеш.

*Оригиналниот текст е превземен од: iBrand, Автор: Ирена Ефремовска

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8288
61.2136
USD
50.3533
49.8523
GBP
78.7929
78.0089
CHF
51.3571
50.8461
SEK
6.5342
6.4691
NOK
6.8588
6.7906
JPY
0.4223
0.4181
DKK
8.3113
8.2286
CAD
43.4222
42.9901
AUD
41.1863
40.7764
BGN
31.6131
31.2985
CZK
2.2373
2.215
HUF
0.1954
0.1934
PLN
14.4669
14.323
RON
13.8202
13.6827
HRK
8.0653
7.9851
TRY
21.6548
21.4393
LTL
17.9069
17.7287
RUB
0.8421
0.8337
BRL
19.0096
18.8205
CNY
8.0928
8.0123
HKD
6.4924
6.4278
IDR
0.0041
0.004
ILS
12.8246
12.697
INR
0.7954
0.7875
KRW
0.0458
0.0453
MXN
3.466
3.4315
MYR
14.4907
14.3465
NZD
39.1594
38.7698
PHP
1.1254
1.1143
SGD
38.2912
37.9102
THB
1.5319
1.5167
ZAR
4.3399
4.2967
Превземено на 20.12.2014