Во ЕУ без работа 18,49 милиони лица

Е-пошта Печати PDF

Eurobarometer

Стапката на невработеност во еврозоната, во септември оваа година достигна нов рекорд од 11,6%, изјави денеска „Евростат“, неофицијалниот завод за статистика на Европската Унија.

  Граѓаните на ЕУ и понатаму остануваат загрижени за огромната невработеност кај младите лица на возраст под 25 години. Па така, просечната стапка на невработеност кај оваа возрасна група во септември изнесува 22,8% во ЕУ, и 23,3% во земјите-членки на еврозоната. Без работа сега се вкупно 5.520.000 во земјите од ЕУ-27, од кои 3.493.000 во еврозоната. Нивниот број се зголемил во споредба со изминатата година за цели 164 000 во ЕУ, и за 275 000 во еврозоната.

  Меѓу одделните земји-членки, со најниска стапка на невработеност во ЕУ моментално се наоѓаат Австрија со 4,4%, Луксембург, 5,2%, и Холандија и Германија, со по 5,4%. Највисока стапка на невработеност е забележана во Шпанија - 25,8% и Грција со измерени 25,1% во јули оваа година.

  Најниска стапка на невработеност меѓу младите има во Германија (8,0%), Холандија (9,7%) и Австрија (9,9%), а највисока во Грција (55,6 % во јули) и Шпанија (54,2 %) .

  Во прилог се наоѓа целосната листа на ЕУ земјите,  и соодносот на нивната невработеност помеѓу младите лица и вкупната невработеност.

Германија
Невработеност меѓу младите - 8%
Вкупна невработеност - 5,4%

Холандија
Невработеност меѓу младите - 9,7%
Вкупна невработеност - 5,4%

2909br6Австрија
Невработеност меѓу младите - 9,9%
Вкупна невработеност - 4,4%

Данска
Невработеност меѓу младите - 14,4%
Вкупна невработеност - 8,1%

Малта
Невработеност меѓу младите - 16,2%
Вкупна невработеност - 6,4%

Словенија
Невработеност меѓу младите - 17,2%
Вкупна невработеност - 8,4%

Белгија
Невработеност меѓу младите - 18%
Вкупна невработеност - 7,4%

Луксембург
Невработеност меѓу младите - 18,6%
Вкупна невработеност - 5,2%

Финска
Невработеност меѓу младите - 18,9%
Вкупна невработеност - 7,9%

Чешка
Невработеност меѓу младите - 19,3%
Вкупна невработеност - 6,8%

Естонија
Невработеност меѓу младите - 20,2%
Вкупна невработеност - 10%

Британија
Невработеност меѓу младите - 20,4%
Вкупна невработеност - 7,9%

Романија
Невработеност меѓу младите - 23%
Вкупна невработеност - 7,1%

Шведска
Невработеност меѓу младите - 23,4%
Вкупна невработеност - 7,8%

Франција
Невработеност меѓу младите - 25,7%
Вкупна невработеност - 10,8%

Литванија
Невработеност меѓу младите - 26%
Вкупна невработеност - 12,9%

Полска
Невработеност меѓу младите - 26,5%
Вкупна невработеност - 10,1%

Словачка
Невработеност меѓу младите - 28,4%
Вкупна невработеност - 13,9%

Летонија
Невработеност меѓу младите - 29% 
Вкупна невработеност - 15,9%

UK_article_75a1dc48f9af3f4e_1350486006_9j-4aaqskУнгарија
Невработеност меѓу младите - 29%
Вкупна невработеност - 10,6%

Кипар
Невработеност меѓу младите - 29,3%
Вкупна невработеност - 12,2%

Бугарија
Невработеност меѓу младите - 29,7% 
Вкупна невработеност - 12,4%

Ирска
Невработеност меѓу младите - 34,5%
Вкупна невработеност - 15,1%

Италија
Невработеност меѓу младите - 35,1%
Вкупна невработеност - 10,8%

Португалија
Невработеност меѓу младите - 35,1%
Вкупна невработеност - 15,7%

Шпанија
Невработеност меѓу младите - 54,2%
Вкупна невработеност - 25,8%

Грција
Невработеност меѓу младите -55,6%
Вкупна невработеност - 25,1%

Вкупна невработеност на младите во ЕУ во 2011-та - 21,7%
Вкупна невработеност на младите во ЕУ во 2012-та - 22,8%

  Кај поголемите трговски партнери на ЕУ пак, САД и Јапонија вкупната стапка на невработеност во септември изнесуваше 7,8 и 4,2 проценти, последователно.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.7949
61.1801
USD
52.3908
51.8695
GBP
69.1296
68.4417
CHF
52.8342
52.3085
SEK
6.2141
6.1523
NOK
6.3599
6.2966
JPY
0.4653
0.4606
DKK
8.3047
8.222
CAD
41.0516
40.6431
AUD
39.5311
39.1377
Превземено на 18.11.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот Во ЕУ без работа 18,49 милиони лица