Растат трошоците за живот

Е-пошта Печати PDF
HE_grocery-basket
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во октомври 2012, во однос на септември 2012, изнесува 100.2, а во однос на октомври 2011 изнесува 105.3.

  Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во октомври 2012, во однос на септември 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 2.6%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.7%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.6%, Здравје и Останати стоки и услуги за 0.4% и Комуникации за 0.1%.

  За една година, струјата поскапела за 18 отсто, парното за 26 отсто, зеленчукот за 19 отсто, месото и овошјето за 7-8 отсто... На граѓаните им се чини дека цените се двојно повисоки од лани.

 -„Сто отсто се поскапи, сто отсто, 55 денари е едно лепче. Искрено ви кажувам ни мевце не можеш да си купиш, ни ништо за тие пари. Пред 2-3 години ќе влезевме во касапница и месо ќе си купевме по килце по две, ќе си касневме, сега ич. Сега за место нема, само за сметки и за еден основен живот, за гравче и за пиперки.“ - вели еден жител на Скопје.

  -„Јас примам 18 илјади пензија, а ми требаат 36 илјади за да поминам.“ - констатира една пензионарка.

  -„За 30-40 отсто се поскапени, еве и зејтинот и шеќерот, брашното, сè е поскапено.“ - вели друг пензионер.

  Поранешниот министер за економија Зоран Витанов вели дека граѓаните имаат такво чувство дека цените пораснале за 100 отсто, затоа што стандардот на граѓаните е опаднат, тие земаат исти плати и пензии, а цените растат.

  „Сè додека куповната моќ опаѓа, ние не можеме да се надеваме на економски раст. Тоа што е најстрашно е што со такво опаѓање на стандардот, ќе има уште поголем дисбаланс, уште повеќе ќе се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните. Од една страна ќе имаме 5 дo 7 проценти екстремни богаташи, а од другата страна една армија на сиромашни. Македонија е на добар пат со една таква тенденција во следната деценија да ја изгуби средната класа, која може да биде носител на еден економски раст.“ 

  Индексот на трошоците на животот, се смета за клучен показател за движењето на инфлацијата. Експертите предвидуваат дека инфлацијата ќе расте следната година, а и Народна банка ја корегираше првично пректираната стапка на инфлација од 2,2 на 3,5 отсто.  Дополнително се прогнозира дека трошоците за живот ќе растат и во 2013.
Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 24.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот Растат трошоците за живот