Софтвери за социјални медиуми ги ’читаат’ емоциите на корисниците

Е-пошта Печати PDF

i-know-how-you-feelМоќните компании имаат развиено специјални софтвери за детектирање и препознавање на емоциите, од авторите на постовите на социјалните мрежи во кои се спомнуваат одредени клучни зборови.

  Твитер, Фејсбук и блоговите се најчестите места на интернет каде што луѓето зборуваат за одреден производ, услуга, компанија, технологија или пак за некоја социјално-општествена појава. Компаниите одамна се свесни за ова, па затоа се почесто се осврнуваат на т.н. „паметно прислушкување“ со помош на специјално дизајнирани математичко-алгористамски софтвери кои се „доволно паметни да препознаат кои емоции стојат позади одредени зборови и изрази“ – пишува весникот Бизнис Инсајдер (Business Insider).

  Ваквите софтвери наменети за социјалните мрежи, немаат само задача да ги лоцираат речениците во кои се споменуваат одредени компании или нивните продукти, туку играат проактивна улога за организациите кои ги користат, во препознавањето на човечките емоции и чувства на напишаните објави. Оваа технологија почнува да се нарекува „анализа на чувствата“, која со помош на се понапредните математички алгоритми, пробува „да ја изучува природата на пишаниот говор“.  Со помош на оваа технологија, компаниите денес можат да ја разберат целокупната порака во коментарите на корисниците преку Твитер или Фејсбук, објавена во рок од, на пример- неколку месеци.

  Класичен пример за корисноста од овој вид софтвер, е компанијата Старбакс (Starbucks). Во реалноста, секоја секунда се појавуваат по 10 @Strabucks ’твитови’, кои компанијата се труди да ги пронајде и да одговори на оние на кои смета дека е потребно.

  Но, овој вид на анализа покарај големите компании, започнуваат да го применуваат и непрофитни организации, како што е „Американското друштво за борба против ракот“ (ACS), чија цел е да дознае што јавноста мисли за нивните добротворни настани и предложени програми.

   Лиз Кек, аналитичарка во ’ACS’ појаснува дека сепак, анализите не се потполно автоматизирани, и дека е потребна одредена човечка интервенција, со цел софтверот целосно „да се истренира“. Во нивниот случај, организацијата се фокусирала на зборовите “рак“ и „убивање“ но не во смисла на негативна конотација, туку како кованица од зборови со кои се потврдува борбата против ракот. Па така, ако некој коментар ги содржи зборовите „убивање на ракот“ (killing cancer) тогаш компанијата добива известување за можните начини за борба против овој вид на болест. Со помош на оваа анализа, организацијата која на социјалните медиуми се споменува во просек по околу 6.000 пати месечно, дознава многу за тоа кои програми се ефикасни, кои алатки се посебно корисни, и кои активности треба редовно да бидат нагласувази за да се постигнат зацртаните цели..

  Сепак, и покрај добрите намери на организациите што ги користат ваквите софтвери, останува дилемата дали понекогаш, компаниите можат да ги искористат ваквите информации за манипулирање со податоците на интернет, со позитивните или негативни препораки или пак, преку контролирање на слободата на говор.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

НБРМ

Прод.
Куп.
EUR
61.8318
61.2166
USD
53.111
52.5825
GBP
69.001
68.3145
CHF
55.9513
55.3946
SEK
6.4279
6.3639
NOK
6.6261
6.5602
JPY
0.4767
0.4719
DKK
8.3143
8.2316
CAD
42.1657
41.7462
AUD
42.0653
41.6468
Превземено на 22.07.2017

You are here: Почетна Развивај Бизнис Промени во бизнисот Софтвери за социјални медиуми ги ’читаат’ емоциите на корисниците